| четврток, 6 декември 2018 |

Заради новогодишната елка ќе завршат на суд: Римскиот „шугавец“ го платиле 50 000 евра, граѓаните велат дека личи на четка за вц – шојла

Случајот со неугледната новогодишна елка во Рим ќе заврши на суд откако Здружението за заштита на потрошувачите до надлежниот суд за јавна потрошувачка побарало истрага за можно расипништо со градските пари кои биле дадени за оваа градска декорација.

Ова дрво е високо 21 метар, а по самото неговот поставување предизвикало огромен број на негативни коментари, дека изгледа јадно и тажно, дека дрвото изгледа како да е мртво и дека некој од градската управа украл голема сума бидејќи не е можно да е платено цели 50 000 евра.

На социјалните мрежи граѓаните на Рим го нарекле божиќното дрво „римскиот шугавец“, па сега освен истрагата се бара и отстранување на дрвото. Еклата е поставена на римската „пијаца Венеција“, а дел од кометаририте биле дека наликува на четка за вц-шолја.

„Римскиот шугавец“ веќе има и Твитер профил, а во една од објавите вели дека има повеќе луѓе што го пратат, отколку што има гранки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top