Пратениците Одисеас Вудурис и Парис Муцинас се прогласени за „виновни“ затоа што го поддржале барањето на СИРИЗА, да се истражи улогата на Евангелос Венизелос во скандалот. На листата се имињата на Грци кои изнеле пари во странство, претежно во Швајцарија.
– Јасно е дека тие двајца пратеници имаат не само поинакво мислење, туку и поддржуваат поинаков политички план, се вели во партиското соопштение кое го потврдува нивното исфрлање од партиската парламентарна група.
Владата на премиерот Антонис Самарас одби да ги истражи обвинувањата дека Венизелос, како некогашен министер за финансии и лидер на ПАСОК не сторил доволно во борбата против наводните затајувања на даноците.
По исклучувањето на овие пратеници, владејачката коалиција сега има 164 пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција