| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката партија на власт исфрли двајца пратеници – владата со поддршка од само 164 пратеници

Двајца пратеници на партијата на умерената левица Димар се исфрлени од партијата затоа што ја поддржале истрагата за вмешаноста на Лидерот на ПАСОК Венизелос во скандалот со бришење на имиња од „листата на Лагард“.

grcija-prateniciПратениците Одисеас Вудурис и Парис Муцинас се прогласени за „виновни“ затоа што го поддржале барањето на СИРИЗА, да се истражи улогата на Евангелос Венизелос во скандалот. На листата се имињата на Грци кои изнеле пари во странство, претежно во Швајцарија.

– Јасно е дека тие двајца пратеници имаат не само поинакво мислење, туку и поддржуваат поинаков политички план, се вели во партиското соопштение кое го потврдува нивното исфрлање од партиската парламентарна група.

Владата на премиерот Антонис Самарас одби да ги истражи обвинувањата дека Венизелос, како некогашен министер за финансии и лидер на ПАСОК не сторил доволно во борбата против наводните затајувања на даноците.

По исклучувањето на овие пратеници, владејачката коалиција сега има 164 пратеници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top