| четврток, 6 декември 2018 |

Русокосите поагресивни од бринетите

Жените со светла коса се поагресивни и имаат повеќе самодоверба отколку бринетите или црвенокосите, покажала една срудија.

Бидејќи привлекуваат повеќе внимание отколку другите жени и затоа што мажите ги сметаат за попривлечни, жените со светла коса се поагресивни.

Студијата, која го истражувала односот меѓу самодовербата и агресивноста вклучила 156 студенти во САД.

Професор Арон Сил од Универзитетот во Калифорнија, каде се спровело истражувањето, изјавил:

-Очекувавме русокосите да биде повеќе угледни од другите жени, но она што не го очекувавме е дозата на агресивност во споредба со нивните соучеснички”.

Сил смета дека русокосите го изградиле својот свет, бидејќи се третираат подобро од другите припаднички на поубавиот пол и не разбираат дека мажите имаат различни ставови.

„Не се ни свесни дека се третирани како принцези”, додава професор Сил.

Иако е откриено дека се агресивни, мали се шансите дека ќе влезат во вистински судир, за разлика од бринетите и црвенокосите, веројатно би го зачувале својот изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top