| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски дизајн на белградската сцена: Патувачка изложба на македонски дизајн производи

Под насловод Помеѓу“ во Белград на меѓународниот фестивал Миксер во периодот 25. – 28. мај ќе биде претставена изложбата на македонски дизајн. Помеѓу”, е изложба на дизајн производи произведени од страна на 6 млади македонски брендови во период 2016 – 2017 година.

-Македонските дизајн брендови,  We and Nature, Rinocca,  Преплет студио, Кире Стојоски, Марија Рашковиќ и Евгенија Зафировска, застапувани од страна на дизајн центарот Јавна соба ќе се претстават на 5 регионални дизајн фестивали и саеми во период мај – ноември, 2017, а Белград е традиционално прва наша дестинација, велат од „Јавна соба“.

2

Македонскиот дизајн на производ е редовно застапен на меѓународната сцена преку патувачки изложби организирани од страна на дизајн центарот Јавна соба. Оваа соработка иницирана од страна на два клучни регионални актери (Јавна соба и Мисер)  датира од пред 8 години. Дизајн организациите го насочуваат своето работење кон подигнување на нивото на соработка во регионот  и а тој начин го афирмираат националниот во рамки на балканскиот дизајн како препознатлив бренд во пошироки рамки.

Регионалната размена е од исклучително значење за национален и индивидуален развој на дизајн секторот во самите земји.  Докажано е дека регионалната размена стимулира зголемување на продуктивност кај дизaјнерите, но и го подигнува нивото на свест кај публика и креира здрав и свесен конзумеристички пристап кон дизајн производите, кое е многу значајно за опстојување на локалните брендови. Клучниот момент за оваа размена во Македонија е фестивалот  Skopje Design Week,  кој ова година ќе се реализира во период 22.- 25. ноември. Земја во фокус оваа година е Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top