Како претставници на Асоцијацијата на македонски театарски критичари и театролози ТЕАТРОПИС, од 26-28 мај проф.д–р Христо Петрески и м-р Трајче Кацаров ќе бидат гости на познатиот Меѓународен театарски фестивал „Стеријно позорје“ во Нови Сад.
Тие ќе присуствуваат на свеченото отворање на Фестивалот со претставата „Кој тоа таму пее“ (според сценариото за истоимениот филм), а ќе учествуваат и на повеќе средби, разговори, промоции, изложби иработилници.
Притоа, на театарскиот критичар и писател Симон Грабовац ќе му биде врачена меѓународната награда „Театропис“, а ќе биде потпишана и спогодба за соработка на Интернационалниот фестивал на алтернативе инов театар „Инфант“ од Нови Сад и Меѓународниот мобилен театарски фестивал „Билазора“ од Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.