| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна светска рекордерка и олимписка шампионка учествува гола во реалното шоу „Адам и Ева“ (видео)

inge de bruin

Поранешната олимписка шампионка Инге де Бруин учествува во „Реално шоу“ на остров во кое натпреварувачите се комплетно голи во потрага по својата љубов.

43-годишната Де Бруин претходно изјави дека се уште ја бара својата вистинска љубов, па затоа и се одлучила да се пријави во реалното шоу надевајќи се дека ќе ја најде љубовта на својот живот.

inge de bruin 1

– Тој мора да биде сладок, шармантен, внимателен и со смисла на хумор – го опиша Де Бриун својот „Адам“.

inge de bruin 2

Холанѓанката четири пати освојуваше златен медал во пливање на Олимписките игри, притоа и три пати рушејќи светски рекорди. Но денеска е во сосема нова улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top