Менаџерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо имаше една од најкратките прес-конференции во историјата на фудбалот.
Португалецот ја искористи ситуацијата во која повеќе новинари беа на теренот околу играчите на Манчестер јунајтед по мечот со Кристал Палас, со кој се стави крај на премиерлигашката сезона.
Мурињо влезе во празната сала праша: „Дали има прашања?“ и сам си одговори: „Нема? Добро, се гледаме“. Тој веднаш потоа си замина пред за клупската ТВ-мрежа да даде интервју од 17 секунди во кое посочи дека сака да се концентрира на финалето на Лигата на Европа против Ајакс. Јунајтед сезоната ја заврши на 6. место, а може да влезе во Лигата на шампионите ако го победи Ајакс во финалето на ЛЕ во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)