Дејвид Лафарго од Швајцарија се занимава со бејсџамп. Додека се обидувал да и помогне на својата девојка да скокне со падобран, забележал осамен Ајфон. Одлучил да се обиде да го фати и почнал да се спушта низ карпите, каде што на 20 метри го чекал телефон.
Телефонот бил во функција, па Дејвид ги прелистувал фотографиите и открил дека телефонот и припаѓа на извесна Челзи. Ја видел нејзината имејл адреса и одлучил да направи нешто забавно. Направил видео на кое имало компилација од негови, но и фотографии од сопственичката на телефонот, како и видео од спасувањето. Го објавил видеото и чекал приказната да се прошири.
Не чекал долго, Челзи му напишала коментар:
„Ти благодарам Дејвид. Го пронајде мојот телефон. Ти си кул личност, бидејќи си морал да се качуваш за да го дофатиш, а уште и си го направил видеово. Кога сфатив дека ми падна на тоа место, мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Навистина сум ти благодарна и на сите ќе им ја раскажам оваа приказна“– завршила Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)