Аргентинскиот стратег Диего Симеоне и следната сезона ќе го предводи Атлетико Мадрид. Иако имаше понуди од Интер и од ПСЖ, тој ги одби, а синоќа и официјално потврди дека ќе остане на клупата на Атлетико Мадрид најмалку уште една сезона.
– Останувам во Атлетико Мадрид. Останувам затоа што овој клуб има иднина, а идината е светла ако сите ние останеме заедно. Благодарност до навивачите за поддршката што ја имавме во текот на сезоната, следната ќе се потрудиме да бидеме уште поуспешни – изјави Диего Симеоне.
Во текот на оваа седмица Диего Симеоне ќе има официјална средба со претседателот Мигуел Анхел Гил Мартин и со спортскиот директор Андреа Берта, на која ќе бидат договорени и насоките на планот за летните засилувања и подготовките за следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.