| четврток, 6 декември 2018 |

Боби Мојсовски повторно ги воодушеви Белорусите (ВИДЕО)

Веднаш по освоеното Гран-При на светскиот интернационален фестивал “Славјански Базар“ во 2012, македонскиот пејач Боби Мојсовски настапи на првиот рок концерт со Претседателскиот Оркестар на Белорусија. Со енергичен, впечатлив и моќен настап, Боби ги собра аплаузите на многубројната публика во “Дворецот на Републиката“ во Минск. Тој беше главна ѕвезда на концертот, настапувајќи со 9 нумери. Изразувајќи го огромното задоволство организаторите неколку месеци подоцна закажаа и втор концерт.

Со настап полн со енергија, Боби уште еднаш ја воодушеви белоруската публика и ги собра громогласните аплаузи на преполната сала.

 – Чест ми е што по втор пат настапувам со еден од најдобрите оркестри на светот со кој настапуваат и славни музички ѕвезди како Мајкл Болтон, Сара Конор, Џенифер Лопез, Скорпионс и тн.- изјави Боби.
Bobi koncert3
Неговиот менаџерски тим на чело со  менаџер Марјан Катаровски, работи со полна пареа на организирање на неговите следни концерти на тие простори. Третиот концерт со Претседателскиот Оркестар на Белорусија веќе е закажан, а Боби повторно ќе биде главна интернационална музичка ѕвезда на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top