Во саботата наутро во 06,45 часот во СВР Битола од Клиничка болница –Битола пријавиле дека кај нив е донесено повредено лицето В.Х.(36) од Битола.
Настанот се случил ноќта во 23,55 часот, кога во возило пред ресторан во Битола пронајдено било повредено лице со расеченици на рацете и нозете. Лицето било хоспитализирано во Одделението за хирургија и откако му биле санирани повредите, лицето било префрлено во Одделението за психијатрија, каде било посочено дека лицето има дијагноза – психичка болест шизофренија.
Увид извршила екипа на ОКТУПА при СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.