| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Реал ја прославуваа титулата на „Сибелес“долго во ноќта (видео)

real madrid

Долги пет години фановите на Реал Мадрид чекаа да се радуваат на трофејот од домашното првенство, а тоа „кралските“ фудбалери им го овозможија синоќа, откако во една до крај неизвесна сезона ја симнаа од тронот Барселона и ја освоија својата 33. титула од Примера.

Момците на Зинедин Зидан одиграа импресивна сезона, влегоа во вистинска форма во клучните моменти од сезоната и без грешка ги одиграа одлучувачките натпревари, за на крај заслужено да му се радуваат на овој трофеј, а како се славеше синоќа на легендарниот плоштад „Сибелес“ можете да погледнете на видеото што следува:

„Кралевите“ не го заборавија и Жерар Пике, кој често знаеше да ги провоцира во текот на сезоната. Затоа, му измислија и песна…„Пике, глупаку, дојди поздрави го шампионот…“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top