Најпознатите сопружници во поранешната држава всушност и не биле во брак. Отворени се тајните архиви во кои стои дека Тито и Јованка никогаш не се венчале, туку нивниот кум Александар Ранковиќ им организирал лажна венчавка. Кумот Александар Ранковиќ, кој по Маршалот бил најмоќен човек во СФРЈ, сметал дека нивна вистинска венчавка негативно би се одразила врз имиџот на Тито поради разликата од 32 години, а и поканувањето многу гости би можело да се искористи за атентат на Тито.
Затоа тој организирал лажна венчавка во една вила која во Втората светска војна била позната како куќа за мачење на сите поранешни политички непријатели. Јованка не се посомневала дека бракот не е никаде заведен и дека всушност живее во вонбрачна заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.