Двајца македонски државјани, од кои едниот царински службеник вработен во шпедиција, а другиот шеф на една агенција за обезбедување, се приведени во големата операција на бугарската полиција против криминална група, која имала хакери и влијаеле на спроведување на шверцувана стока.
Истрагата на бугарското министерство за внатрешни работи продолжува и во рамките на други држави, од кои една е Македонија, соопштија претставници на полицијата во Софија.
Истиот извор наведува дека досега се извршени повеќе од 100 истражни дејствија и претреси, и притоа се уапсени 23 лица. Тројца од нив се актуелни функционери на агенцијата „Царини”.
Полицијата утврдила дека овие хакери создале софтвер со кој влегувале во компјутерски информатички системи со што се затвораат различни царински режими без реално да има движење на стоката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.