По подолг временски период односно по цели 11 години од тронот е симнат неприкосновениот шампион на Хрватска, Динамо Загреб. Тоа го стори екипата на Ријека која пред своите симпатизери успеа да слави убедлива победа од 4-0 над Цибалија и на коло пред крајот има недостижна предност од пет бода.
Тимот на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута сосема заслужено сезонава стигна до круната за која сонуваше целиот град.
Вистинска фешта се случуваше денеска на Јадранот каде популарната „Армада“ славеше и на самиот стадион, во неговата околина но и насекаде ширум градот.
Официјално, фудбалерите на Ријека трофејот ќе го добијат на 27. мај во последното коло на „Максимир“ по дуелот со Динамо Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)