| четврток, 6 декември 2018 |

Нголо Канте со титулата за најдобар играч ќе го крене пехарот за титулата со Челси

ngolo kante

Фудбалерот на Челси, Нголо Канте денеска и официјално беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата од страна на фудбалската федерација на Англија. За 26-годишниот Французин ова е трето признани во оваа сезона, претходно освојувајќи ги наградите за најдобар фудбалер изгласан од асоцијацијата на фудбалски новинарите и фудбалерите.

Канте за оваа престижна награда ги победи своите соиграчи Еден Азар и Цезар Азпиликуета по бројот на гласови, а зад Белгиецот и Шпанецот се најдоа Хари Кејн, Деле Али, Јан Вертонген, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку. Репрезентативецот на Франција денес по втор пат ќе го крене шампионскиот трофеј на Англија, откако минатата година тоа го оствари со Лестер, а сега станува првиот фудбалер кој во две последователни сезони е англиски шампион, со два различни клубови.

– За мене е голема чест да се освојат овие награди, тоа е знак дека напорната работа се цени, но сето ова ќе беше залудно да не беа моите соиграчи. Тие ми помагаа секој ден, работевме напорно цела година и ги постигнавме нашите цели. Јас се трудам да дадам се од себе на теренот, но никогаш овие награди не ми биле приоритет, сакам да освојувам што е можно повеќе титули со тимот, бидејќи фудбалот е колективна работа. Им благодарам на сите кои гласаа за мене – истакна Канте.

Челси денеска и официјално ќе биде новиот англиски првак по завршувањето на последното коло од оваа сезона, по мечот против Сандерленд ќе им биде доделен пехарот, а со тоа ќе започне и прославата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top