| четврток, 6 декември 2018 |

Канада и Шведска ќе играат во финалето за светската титула во хокеј (видео)

rusija hokej

Канада и Шведска ќе играат во финалето на Светското првенство во хокеј на мраз, чија што завршница се одржува во Келн. Бранителот на титулата Канада ја совлада Русија со 4-2 со четири гола во последната третина од натпреварот. Кузнецов и Гусев ги постигнаа головите за Русија, но НХЛ ѕвездите направија целосен пресврт за победа на Канаѓаните.

Викинзите“ ја совладаа Финска со 4-1, а Клинберг и Ниландер во третиот период ги постигнаа головите со кои Шведска стекна +2 и недостижна предност за Финците.

Ако Канада слави во финалето тоа ќе биде трета светска титула по ред или таканаречен златен хет-трик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top