| четврток, 6 декември 2018 |

Бостон без најдобриот играч, крај на сезоната за Ајзеа Томас

ajzea tomas

Тимот на Бостон селтикс веќе губи со 0-2 од Кливленд во финалето од Источната конференција, а шансите за камбек во серијата се сведени на теорија по повредата што ја заработи најдобриот кошаркар на селтикси, Ајзеа Томас. Одличниот плејмејкер веќе извесно време настапуваше повреден (од 15 март и дуелот со Минесота), но откако состојбата му се влоши стручниот штаб реши повеќе да не ризикува, за да не дојде до далеку посериозен проблем.

– Ајзеа работеше фантастично за да ги надмине проблемите, но факт е дека му е неопходен одмор. За време на последните две средби со Кливленд дојде до значително зголемување на отокот, a бидејќи станува збор за проблем со колкот, не сакавме да дојде до поголемо долгорочно оштетување и препорачавме Томас да ги пропушти преостанатите средби од плејофот – изјави Брајан Мекион, шеф на лекарскиот тим на Бостон селтикс.

Томас воопшто не отпатувал со остатокот од тимот на вечерашното гостување во Кливленд, па јасно е дека екипата предводена од Леброн Џејмс е уште поблизу до пласман во големото финале од НБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top