Местото каде се одржува Канскиот фестивал по 70-ти пат вчера е евакуирано на кратко од безбедносни причини.
Проекцијата на еден од филмовите доцнеше неколку минути. Во салата за проекција е најден сомнителен предмет. Подоцна е утврдено дека станува збор за предмет кој некој од присутните го заборавил.
Полицијата потоа соопштила дека луѓето можат да се вратат во салата.
Во Франција на сила е вонредната состојба откако пред две години имаше терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.