Наполи лесно излезе на крај со Фиорентина на домашен терен совладувајќи ја со 4-1. Со тоа „наполитанците“ се уште се надеваат дека во последното коло ќе успеат да стигнат до второто место на табелата и ќе одат директно во групната фаза од Лигата на шампионите. Доколку утре не победи Јувентус против Кротоне, би имале дури и шанси за титула.
Кулибали во осмата минута го доведе Наполи во водство, а Инсиње зголеми на 2-0 пред крајот на полувремето. Мертенс во вториот дел постигна два гола, а Иличиќ беше стрелец на единствениот гол за Фиорентина на овој меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)