Во текот на утрешниот ден (21.05.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително нестабилна воздушна маса која овој пат ќе биде предизвикана поради депресијата која се наоѓа над Црното Море, објави „Метеомакс“.
Поради тоа нешто повеќе сонце ќе има во утринските часови додека веќе уште од претпладневните часови облачноста ќе започне да се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 18 до 25 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.