Сиднејскиот ресторан „Батлер“ на своите гости почна да им нуди нов деликтес, кој за кусо време стана вистинска сензација.
Станува збор за обични пржени компири, односно помфрит, прелиени со нутела крем, мелени ореви и други јаткасти плодови.
Претставници на ресторанот изјавија дека ова е совршено јадење за оние кои сакаат мешање на вкусовите на слатко и солено.
Гостите кои го пробале деликатесот велат дека е совршен како прилог со хамбургер или како десерт, но дека не е препорачливо „да се меша со кечап“.
Ова јадење засега го има само на менито на „Батлер“, но поради едноставноста во неговото подготвување не е исклучено наскоро да се прошири низ целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.