Сандра Стефановска ја претставуваше Македонија на изборот за Мис на Медитеранот 2013 што се оддржа минатиот викенд во Никозија, Кипар. 20-годишната скопјанка го освои четвртото место.

Изборот се случуваше во хотелот Голден Тулип со учество на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот кои на Кипар престојуваа десет дена.
Победи претставничката на Либан, прва придружничка е претставничката на Србија, а втора – претставничката на Малта. Освен лентите и круните тие добија и богати награди од спонзорите и од организаторите.

Лиценцата за Македонија за овој избор за убавина ја поседува Модното студио Црнокрак уште од 2004 година кога се одржа првиот избор за Мис на Медитеранот во Дубаи и Абу Даби, а нашата претставничка Маја Лазаровска тогаш направи фантастичен успех освојувајќи ја титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017


