| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанката Сандра Стефановска меѓу четирите најубави девојки на изборот во Кипар

Сандра Стефановска ја претставуваше Македонија на изборот за Мис на Медитеранот 2013 што се оддржа минатиот викенд во Никозија, Кипар.  20-годишната скопјанка го освои четвртото место.

sandra mis2

Изборот се случуваше во хотелот Голден Тулип со учество на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот кои на Кипар престојуваа десет дена.sandra mis3

Победи претставничката на Либан, прва придружничка е претставничката на Србија, а втора – претставничката на Малта. Освен лентите и круните тие добија и богати награди од спонзорите и од организаторите.

sandra mis7

Лиценцата за Македонија за овој избор за убавина ја поседува Модното студио Црнокрак уште од 2004 година кога се одржа првиот избор за Мис на Медитеранот во Дубаи и Абу Даби, а нашата претставничка Маја Лазаровска тогаш направи фантастичен успех освојувајќи ја титулата.

sandra mis5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top