Постои поедноставен и побрз начин за престројување, а дека совршено функционира доказ се Германците.
Во Германија постои патент-систем – закон според кој при спојување на две ленти возачите треба да се престројат во последната можна точка, по што би се споиле како запци на патент.
Патент-системот, односно доцно престројување, звучи контрапродуктивно, како да ги крши сите непишани правила според кои возачите би требало да си го чекаат редот и да го делат патот, зашто делува арогантно, некој да долета од страна и да влета во лентата пред сите кои трпеливо чекаат да поминат.
Оние кои нема да го пуштат возачот од споредната лента да се престрои откако ќе ги заобиколи од страна, рискираат да добијат казна.
Бидејќи во светот возачката култура налага да се рпестроите кога ќе се приближите до главниот пат, ленатата од која доаѓате останува неискористена и празна.
– Тоа ја прави лената неискоритена, смета прфесорот по возачка психологија Леон Џејмс од Универизтетот на Хаваи и додава дека раното престројување има поголенма психолошка тежина, зашто ги тера возачите да се надеваат дека некој ќе им дозволи да се престројат, што другите можат, но не мора да го сторат.
Истражувањата поокажуваат дека германскиот начин е поделотворен. Универзитетот во Небраска потврдува дека патент-системот може да го зголеми капацитетот на престројување за 15-20%.
Иако е потребно многу едукација на возачите за да почне да се спроведува ова правило, вреди да се проба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.