| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд го демолираше Бостон за втор брејк во серијата (видео)

lebron dzejms

Вториот меч од финалето на источната конференција меѓу Бостон и Кливленд повторно се одигра во „ТД Гарден“, а таму синоќа актуелниот шампион буквално го демолираше домаќинот победувајќи го со 86-130 за водство од 2-0 во серијата.

Леброн и компанија воопшто немаа милост кон противникот дозволувајќи му рамноправност само во првата четвртина. Победникот дефинитивно го одлучи извонредната серија на Кливленд во вториот период од 29-6, со што на одмор се замина со неверојатни 31-72 за гостите. Тоа е најголемо водство на една екипа на полувреме во историјата на НБА плејофот.

На крајот од првото полувреме најдобриот кошаркар на Бостон, Ајзеа Томас ја напушти играта поради повреда на колкот, по што веќе беше сосема јасно дека нема да биде можно ниту чудо. Во еден момент во последната четвртина предноста на Кливленд изнесуваше и повеќе од 50 поени. Бостон беше понижен во својот дом.

За Кливленд ова беше 13-та едноподруго победа во плеј-оф, десетта само во годинашното издание. И Леброн Џејмс се запиша во историјата, доаѓајќи до осма едноподруго плејоф средба во која постигнува повеќе од 30 поени, а успеа да го мине и легендарниот Мајкл Џордан на второто место со најмногу украдени топки во плејофот.

Леброн на крајот мечот го заврши со 30 поени, 4 скока, 7 асистенции, а одлични беа и Ирвинг со 23 поени, како и Лов со 21 поен. Кај Бостон најефикасен беше Браун со 19 поени, додека Бредли постигна 13, а Хорфорд – 11 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top