Ајша Гадафи, ќерката на Моамер ел Гадафи, во интервју од средината на октомври зборува за револуцијата, животот во Либија, за татка си и љубовта кон Југославија. Во интервјото Ајша нагласува дека она што ѝ се случи на Либија е истото што ѝ се случи дваесетина години претходно на Југославија.
Таа вели дека на многумина им пречело тоа што го кажувал татко ѝ за муслиманите кои ќе ја проголтаат Европа и најавува револуција која ќе ја спаси Либија од пропаст. Ајша е убедена дека ќе дојде ден кога на НАТО ќе му се суди бидејќи ја смета за злосторничка организација.
– Либија веќе не постои, дури ни вештачки. Од општество во кое немаше гладни и невработени дојдовме до анархија. Народот е бесен, но нема околу кого да се обедини. Тоа што го изгубивме со оружје и со пари ќе го повратиме со оружје и со пари. Татко ми имаше план каква треба да биде Африка во 2020 година и тој план беше вреден за Нобелова награда. Наместо тоа, доби сурова смрт и исмејување, вели Ајша.
Ајша ги следи стапките на татка си и најавува револуција која ќе го спаси народот на Либија од сиромаштија.
-Кај нас постои една изрека дека само човек кој може се да добие е само оној кој изгубил се, а тоа сум јас. И затоа сум подготвена да застанам на чело на борбата за слобода, сигурна дека во годините што доаѓат ќе победиме. Мораме, зашто рпавдата е на наша страна. Ајша додава дека собрала повеќе стотици воени лица, интелектуалци, ценети и чесни луѓе, лојални на тестаментот на нејзиниот татко кои се подготвени да го започнат бранот на промени кога ќе дојде времето.
-Ќе видите кога ќе дојде тој ден. Никогаш нема без право и ред како бесни кучиња да развлекуваме и да убиваме луѓе по улиците. Ние веруваме во правда и така ќе се однесуваме и кон нашите душани. Денес во Либија владее хаос. Се убива на улиците, се пљачкосува, се силува… нема безбедност, нема мир.
На крајот Ајша вели дека татко ѝ ја улеч да прпстува, да биде милостива и блага, но тоа нема да ја натера да им прости на оние кои евтино го продале она штобило скапо создавано.
-Се надевам дека медиумите нема само да пишуваат за моите зборови денес, туку многу повеќе за моите дела утре. Ќе има за што да пишувате. им го должам тоа на татко ми и на Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриени тајни документи за Гадафи: Каков бил „планот Б“ за неговото рушење од „западните пријатели“
-
Синот на Моамер Гадафи ќе се кандидира за претседател на Либија
-
Синот на Осама бин Ладен повика на насилство: Нападнете го САД, да го одмаздиме татко ми
-
Му го отсекла пенисот со срп: Ја силувал зетот, таа суровo му се одмаздила!