| четврток, 6 декември 2018 |

„Чагатај кабло“: Во јули ќе почнеме со градба, на почетокот од 2018-та започнуваме со работа

Турски „Чагатај Кабло“ инвестира во Македонија. Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турција има фабрика од 14 илјади метри квадратни, сега во Македонија ќе започне градба од 6.700 метри квадратни. Ќе инвестира 6 милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза.

– Ние одлучивме во почетокот на декември да инвестираме тука и вчера потпишавме договор. На 26 илјади метри квадратни парцела, во јули ќе почнеме со градба, планиравме прво да инвестираме во објект од 4.000 метри квадратни, но потоа се одлучивме на 6.700 метри квадратни за старт, во првата фаза. Со проектот сме при крај и во јули почнуваме со градба, планираме до крајот на годината, до декември завршиме со градбата. После тоа нашите вработени што ќе бидат тука, ќе дојдат во Турција на обука, исто така и од Турција вработени ќе дојдат тука за да даваат обука. На почетокот на 2018 планираме да почнеме со работа, изјавија денеска од турската компанија.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска изјави дека она што се направи беше релативно брзо, а тие помогнале да се реализира инвестиција, бидејќи потребите на Ван Хол беа да се започне производство на компанијата Чагатај локално, на почетокот на идната година, наместо да се носат компоненти од Турција.

– Тоа значи дека ја зголемуваме додадената вредност која се креира во Македонија, правиме субституција на увозот, бидејќи на локално ниво се креира таа вредност. Дополнително освен Ван Хол, со компанијата Чагатај ќе имаме можности и нивни други клиенти, да го лоцираат свеото производство овде во Македонија за европскиот пазар. Ван Хол многу ни помогна не само за Чагатај и друга компанија, германската компанија Кил во Желино. Гледаме дека имаме компанија заради која нивни добавувачи директно доаѓаат во Македонија и ова значи дека се мултиплицира ефектот од странските инвеститори, рече Мизо.

kablo-640x362

Тој додаде дека паралелно со нивната градба, изградба на дополнителната инфраструктура која е потребна, уште еден пристапен пат, кој до крајот на годината ќе биде пристапен за да може некаде од месец јануари да се започне со работа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Никола Груевски, вчера истакна дека компанијата е фокусирана на автомобилската индустрија и ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации кои што се дел од автомобилската индустрија, индустријата за производство на автобуси, како и возила во градежниот сектор и механизација.

– Најголем добавувач ќе им биде белгиската компанија „Ван Хол“, која што ја привлековме од Белгија да дојде во Македонија и да отвори фабрика, така да сега самата компанија е магнет за други компании како што е Чагатај Кабло, која што почнува со градба за еден ипол месец од сега и ќе обезбеди најмалку 200 директни вработувања во првата фаза, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top