| четврток, 6 декември 2018 |

Геј картата на Европа, Македонија е на дното (Фото)

ЛГБТ личностите се луѓе кои уживаат најмногу права. Eвропа генерално се смета за ЛГБТ-пријателска, oдносно пријателски настроена кон ЛГБТ популацијата, иако не може да се каже дека во сите делови од стариот континент е така.

Интернационалната лезбејска, геј, бисексуална и трансексуална асоцијација (ILGA) го објави годишниот „индес на долгот“ кој ја прикажува состојбата на правата, политиката и праксата кои влијаат на ЛГБТ припадниците, односно на нивната еднаквост во опшеството во 49-те држави во Европа. На оваа листа Македонија се наоѓа на самиот крај, а пред нас се многу од земјите од регионот.

На годинешната листа на првото место е Малта со 88 отсто еднаквост. Зад оваа држава се наоѓаат скандинавските земји кои традиционално имаат висок степен на почитување на човековите права. Норвешка е на второто место со 78 посто, а најголем пад забележа Шведска која на годинешната листа се наоѓа на 12-то место.

Пред четири години Шведска беше на четвртото место на листата и најдобро пласирана меѓу скандинавските земји. Една од причините за вака драстичниот пад е тоа транс лицата според тамошните закони и натааму мораат прво хируршки да го променат полот за да можат да го променат името во личните документи, објасни портпаролот на „ILGA“.

Tоп десет изгледа вака:

1. Mалта (88 oтсто)

2. Норвешка (78 oтсто)

3. Велика Британија (76 oтсто)

4. Белгија (72 oтсто)

5. Франција (71 oтсто)

6. Португалија (69 oтсто)

7. Финска (68 oтсто)

8. Данска (68 oтсто)

9. Шпанија (67 oтсто)

10. Холандија (64 oтсто).

На самото дно на табелата се наоѓаат Tурција (9 oтсто), Ерменија (7 oтсто), Русија (6 oтсто) и Азербејџан (5 oтсто).

Македонија е најлоша во регионот

Македонија го зазема 41-вото место на листата од 49 земји со 16 oтсто еднаквост, а во однос на регионот ова е најлошиот пласман

Пред Македонија е Хрватска (најдобро пласираната земја од регионот) која се наоѓа на 11-то место зад Холандија, првата земја која ги призна истополовите бракови. Тука е и Словенија која со резултат од 44 проценти го зазема 20-тото место, но и Црна Гора на 21-во место (39 oтсто), Албанија на 24-то место (33 oтсто), Босна и Херцеговина на 25-то место (31 oтсто) и Србија 28-мо место и 30 oтсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top