Косовската амбасадорка во САД, Вљора Читаку, вчера беше вербално нападната на настан на Универзитетот во Денвер, а истата активистка која најпрво и упати остри навреди, потоа на два пати ја гаѓаше со јајца.
– Срам да ти е, ти си криминалец и убиец, вознемирено викнала активистката на косовското радикално движење Самопоределување, Блерта А., која на Читаку најпрво и постави неколку прашања. Таа ја обвинила амбасадорката дека на Косово не владее правото, нема работа, не се почитуваат правата на ЛГБТ лицата и дека нема ооразование ниту здравствена заштита.
Самата амбасадорка на својот Фејсбук профил го потврдила инцидентот и објави дека била нападната во присуство на поранешниот американски амбасадор во неколку земји во белканскиот регион Кристофер Хил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)