Откако ги утврдивме темите колку често се менуваат крпите и колку тие се подогни за развој на бактерии, да им посветиме уште малку внимание и да научиме како да избереме квалитетна памучна крпа.
Памукот како суровина е логичен избор бидејќи има голема моќ на впивање, мек е на допир и се пере во машина на висока температура. За да го задржат квалитетот, крпите треба да се одржуваат правилно.
Кога ги перете, треба да избегнувате средство за избелување и големо количество омекнувач. Омекнувачот се задржува во големо количество на површината на влакната и им ја намалува пропустливоста на вода и на воздух. Тоа, пак, создава идеални услови за развој на мувла и мирис на застоеност.
Средствата за избелување, пак, влијаат врз цврстината на влакната, па со често избелување, крпите ќе изгледаат старо и ветво.
Место хемикалии, може да користите содабикарбона, алкохолен оцет и масло од чајно дрво. Содата ќе ги омекне водата и самата ткаенина, а со самото тоа ќе помогне за отстранување на дамките, но и ќе спречи да се развие непријатен мирис во машината за перење. Оцетот влијае како природен омекнувач, а спречува и испирање на боите. Ако во перењето додадете и лажица масло од чајно дрво за дезинфекција, ќе спречите развивање бактерии и габички.
Бидејќи секојдневно ги користиме крпите, за кратко ќе почнат да изгледаат ветво. Затоа, треба да се менуваат во просек на две години користење.
За да изберете квалитетна крпа, следете ги овие правила:
– составот на материјалот – избирајте исклучиво памук;
– важна е густината на предивото – колку е погусто, толку е поголема моќта на впивање;
– тежина на крпата – кога ќе ја земете в раце, треба да е потешка одошто изгледа;
– не штедете на крпи и не купувајте евтини зашто, долгорочно гледано, нема да заштедите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.