Иако петнаесетте деца кои настрадаа во големата тракторска несреќата кај кочанското село Оризари, по еден месец се вратија во своите домови во селото Грдовци, маката на родителите допрва почнува. Повеќето од нив земјоделци, сега се соочуваат со проблеми околу плаќањето на болничките третмани во Скопје прескапи за нивниот животен стандард, пренесува Телма.
Зоранчо Иванов, родител на две деца кои беа повредени во несреќата вели дека од скопскиот Клинички центар деновиве му телефонирале да си го плати долгот од 1.700 денари за лекувањето на едно од децата, во спротивно ќе биде тужен, а за втората ќерка мора да плати над 4.000 денари во Кочанската болница
-Можеби преку 30 000 денари со превоз и се што треба, можеби и повеќе пари сум потрошил. Јас си го продадов коњот за да одам тие денови кај дечињата. Братучедот си продаде крава, еве сега во Скопје замина заради контрола. Не знае колку ќе плати, за едното дете му барале 200 евра, а за другото дете уште не му кажале – вели Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


