| четврток, 6 декември 2018 |

Во тракторска несреќа загина работник

Вчера во периодот од 13.00 часот до 22.30 часот на земјен пат во атарот на битолското с.Раштани, во местото викано Димкорници, при вршење на работни активности Трајче К.(45) од Скопје (живеел во Битола), вработен во ЈП Македонски шуми, подружница „Кајмакчалан“ – Битола, додека управувал трактор „Њухоланд“ сопственост на „Лозар Пелистерка“ ДООЕЛ на кој имал поставено плугови и орал на брег од левата страна на земјениот пат,  се превртел при што целосно бил поклопен од тракторот и од здобиените повреди починал на лице место.

Смрт е констатирана од доктор од итната медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР-Битола и трудов инспектор.

Телото на починатиот е пренесено во одделението за судска медицина во битолската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top