| четврток, 6 декември 2018 |

Местото каде што се раздвојува цела планета (Видео)

Силфра е едно од најпопуларните места за нуркање на Исланд, а во оваа пукнатина можете истовремено да ги допрете и северноамериканската и евроазиската тектонска плоча.

Ако сакате да запливате помеѓу два контитента, Силфра е едно од ретките места на кое тоа е возможно и е вистински доказ дека Земјата сокрива неверојатни убавини.

Оваа пукнатина во морето ги раздвојува евроазиската и северноамериканската тектонска плоча која се одвојуваат една од друга 2 сантиметри годишно, а секои 10 години предизвикуваат земјотреси.

Пукнатината за многу нуркачи е спектакл кој овозможува да допрете два различни континенти, а кристално сината вода овозможува спектакуларен поглед, бидејќи видливоста е скоро 100 метри во секој правец.

За кристално чистата вода е заслужен глечерот Лангјекидл, кој ја филтрира водата по природен пат. Сезонското топење на мразот поминува низ карпите и притоа додатно се филтрира. Потребни се неколку децении за водата да дојде до пукнатина.

енаука.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top