| четврток, 6 декември 2018 |

Надал и Ѓоковиќ сигурни до четврт-финалето на мастерсот во Рим

novak djokovic

Вчерашните осминафинални дуели на мастерс-турнирот во Рим не донесоа поголеми изненадувања, па така двајцата главни фаворити Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал стигнаа до пласман во четврт-финалето.

Ѓоковиќ за противник го имаше Баутиста Агут, меч на кој српскиот тенисер целосно доминираше и стигна до лесна победа од 6-4, 6-4. Србинот за следен противник ќе го има Дел Потро, кој денеска го совлада Кеи Нишикори.

Рафаел Надал продолжи со импресивни игри на земјена подлога, лесно славејќи над Џек Сок од САД со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Шпанецот во следната рунда ќе се сретне со Доминик Тием од Австрија, кого пред само неколку дена го совлада во големото финале во Мадрид.

Џон Иснер го елиминираше Стен Вавринка со 2-0 во сетови, а со добра игра изненади и Марин Чилиќ, кој го совлада Давид Гофан од Белгија.

Денешните четврфинални дуели се:

Џон Иснер – Марин Чилиќ
Александер Зверев – Милош Раониќ
Доминик Тим – Рафаел Надал
Хуан Мартин дел Потро – Новак Ѓоковиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top