| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство во тетовската болница: Го избол зетот со нож

krvavi-noz

Четириесет и две годишниот А.А. од Зајас е сериозно повреден од братот на неговата сопруга. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот во тетовската болница.

Според информациите од полицијата А.А. и М.Д. (30) во кичевско Горно Строгомиште биле во болницата да ја посетат нивната сопруга и сестра, по што братот вознемирен од лошата здравствена состојба на сестра си почнал да го обвинува зетот, извадил нож и му нанел убодни рани во пределот на левото рамо и левата нога.

Повредениот зет во сериозна состојба, но надвор од животна опасност е задржан на болничко лекување. Напаѓачот, кој избегал, подоцна сам се пријавил во тетовската полициска станица.

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, ножот и други траги се предадени на вештачење.

Против напаѓачот ќе биде поднесене кривична пријава за обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top