| четврток, 6 декември 2018 |

Стадионот „Калифа“ во Катар е готов за СП 2022

Готов е првиот објект за потребите на Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Станува збор за меѓународниот стадион „Калифа“ со капацитет од 40.000 места кој е изграден во 1976 година, но реновиран од корен во изминатиот период за што организаторите на мундијалот вложија десетици милиони долари. Притоа го одржаа и даденото ветување за комплетна климатизација на импресивното здание.

Вкупниот трошок на зафатите се проценува на 122 милиона долари. Гледачите во него ќе може да уживаат во спортските претстави на темперетура од 24 степени Целзиусови што во тек на годината ќе се движи меѓу 24 и 28 степени.

Катарците, покрај промоцијата на „Калифа“, истакнаа уште една новост што се однесува на фудбалските фанови. За време на СП 2022 ќе може да користат посебна линија на метрото за пристигнување и заминување на стадионите што ќе овозможува посета на повеќе натпревари во текот на еден ден.

На стадионот „Калифа“ е планирано да се играат натпревари до четврт-финалето. Но, за употреба нема да се чува до 2022 година туку ќе биде отворен денеска за најпрестижното домашно натпреварување – финале на годинашното издание на Купот на Емирот во кое ќе играат Ал Рајан и Ал Сад.

До фудбалскиот мундијал во 2022 година на „Калифа“ ќе се одржи и атлетски во 2019 година. Изградбата на стадионот, сепак, не мина без трагедија. Во јануари оваа година животот го загуби работник од Велика Британија по што Катар стана мета на критики за својот однос кон работниците и особено мигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top