| четврток, 6 декември 2018 |

СДС поднесува предлог за укинување на екстерното

СДС најави дека денеска до парламентот ќе ги достават предлог-измените на законите за основно и за средно образование со кои ќе се укине екстерното тестирање.

– Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и од средното образование. Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканаречен проект екстерното тестирање, што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците – изјави пратеникот Стефан Богоев.

Тој ги повикува сите политички партии да го поддржат овој предлог во интерес на учениците, наставниците, родителите и граѓаните.

Државниот испитен центар веќе на 15 мај ги објави прашњата за екстерното теситрање за оваа година. Распоредите за тестирање по денови  треба да бидат објавени на 29 мај, а по кој предмет ќе полагаат учениците ќе знаат три дена пред тестирањето.  Екстерното од оваа година се полага од шесто одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top