Јувентус синоќа стигна до првиот свој трофеј оваа сезона, славејќи во Купот на Италија по победата во финалето од 2-0 против Лацио.
Тренерот на „Старата дама“, Алегри не можеше по мечот да ја сокрие радоста од освоениот Куп.
– Првото полувреме беше неверојатно. Морам да им честитам на момците на одличниот натпревар, врвното прво полувреме и досега феноменалната сезона. Јувентус со ова се извади за неделниот пораз од Рома. Сега не чека многу важен меч против Кротоне за конечно да ја освоиме титулата – истакна Алегри.
Дани Алвеш беше еден од клучните играчи на тимот, го постигна и својот трет погодок во последните пет натпревари, но Алегри не сака да фали поединци.
– Мислам дека би било нечесно да се зборува само за еден играч по една таква вечерва. Ако сме го освоиле Купот тогаш тоа е благодарение на сите играчи кои не донесоа до тука – заклучи Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.