Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон ја крена јавноста на нозе… Неговата сегашна сопруга, Брижит Трудо, од него е постара 24 години, а ја запознал кога имал 15. Некако се чини нереално, според многумина дури и „ненормално“…
Но, статистиката и практиката говорат нешто друго. Макрон и Трудо има и во Македонија. Според последниот извештај на Државниот завод на статистика за бројот на склучени бракови во 2016 година, стои дека минатата година бил склучен еден брак во кој невестата имала над 55 години, а младоженецот бил од 20 до 24 години… Невестата била барем 30 години повозрасна од својот избраник.
Во една од матичните служби во земјава бил склучен и брак во кој младоженецот имал од 25 до 29 години, а невестата имала над 55 години.
И македонските мажи сакаат млади жени. Лани четири девојки на возраст од 25 до 29 години запливале во брачни води со мажи кои имале над 55 години. Возраста не била пречка за вистинска љубов ниту за шест девојки кои биле на возраст од 30 до 34 години. Тие се заколнале на вечна љубов на мажи кои биле бар 20 години повозрасни од нив, односно имале над 55 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Невеста место завети, на глас ги прочита пораките од зетот за љубовницата
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Се огласи невестата-бегалка: Свекорот пијан ми рече да си одам, трудна завршив во Брза помош
-
Најубаво сам си свири на свадба: Битолски младоженец го грабна тапанот и ја распламти атмосферата! (видео)