| четврток, 6 декември 2018 |

Поп сакал да оди по вода како Исус – го изеле крокодили

krokodili
Свештеник, кој на својата заедница сакал да ѝ покаже дека ги има истите моќи како Исус, настрадал од крокодили.
Џонатон Метју од Нигерија сакал да ги демонстрира своите библиски моќи, но на своја несреќа, тоа зафатот го направил на реката позната како Река на крокодилите, пишува Унилад.
– Минатата недела ни проповедаше, па ни вети дека уште денес ќе ни ја демонстрира верата, но за жал се удави и го изедоа три големи крокодили пред наши очи. Уште не ни е јасно како се случи тоа, ела недела се молеше, вели еден сведок, член на заедницата.
Ако може да им се верува на сведоците на настанот, свештеникот загазил во реката и кога влего доволно длабоко, се обидел да се издигне над водата. Но, наместо тоа, се појавиле три крокодили и го распарчиле и го изеле. За само неколку минути од него останале само сандали и парче облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top