Џејмс Родригез со својот гест на неделниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Севилја им овозможи на светските медиуми на големо да пишуваат за неговото заминување од шпанската престолнина, а без разлика на тоа што Зинедин Зидан се обиде да ја смири ситуацијата со својата изјава на прес-конференцијата, вестите кои ни пристигнуваат од Колумбија наведуваат само на едно нешто.
Во текот на вчерашниот ден активни беа и англиските медиуми кои потенцираа дека дури три големи премиерлигаши се веќе во напредна фаза од преговорите со неговиот агент (Челси, Сити и Јунајтед), но доцна во ноќта со ексклузива излезе угледното радио „Каракол“ кое веќе му го облече новиот дрес на феноменалниот фудбалер од репрезентацијата на Колумбија.
Најпрестижното радио во Колумбија излезе со сензационална вест дека Родригез веќе ставил потпис на договор со Манчестер Јунајтед, пред се благодарение на Жозе Мурињо кој успеал да ја убеди 10-ката на Реал дека ќе има клучна улога во неговиот проект за наредната сезона. Радиото „Каракол“ се потпре на своите извори и најави дека веќе е познат и датумот кога Јунајтед ќе го официјализира „бомбастичниот“ ангажман (21 мај), што во превод значи дека се чека само крајот на сезоната во шпанската Примера кој е закажан за овој викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед