| четврток, 6 декември 2018 |

Непристоен приватен разговор на Путин и Земан (ВИДЕО)

Пред почетокот на состанокот на чешкиот и рускиот претседател на самитот во Кина, Милош Земан се пошегува со рускиот колега Владимир Путин и рече дека премногу новнари се присутни и треба да се ликвидираат. Разговорот на Земан и Путин го фатиле микрофоните и е објавен на социјалните мрежи, после што Канцеларијата на чешкиот претседател официјално соопшто дека се работи за шега, пренесува АП. Сепак, изгледа политичарите и новинарите не ја разбираат нивната шега.

На забелешката на Земан дека треба да се ликвидираат новинарите, Путин враќа дека е доволно да се „намали“ нивниот број.
Земан има историја на судир со новинарите. Во времето кога беше премиер од 1998 до 2002 тој се закануваше на еден чешки неделник дека ќе го уништи затоа што ја обвини неговата влада дека води нетранспарентна политика и поддржува корупција.
На првиот ден од претседателствувањето во 2013 Земан ги нападна новинарите дека некои од нив „испираат мозоци“ и „манипулираат со јавното мислење“.
Земан се противи на санкциите на Западот кон Русија, а средбата меѓу него и Путин е на маргините на собирот „Еден појас, еден пат“ во Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top