| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Наскар: Три возила експлодираа при 300 км/час (видео)

Три возила експлодораа при стравотен судир на „Монстер купот“ во Наскар, а еден од возачите остана внатре неподвижен.

Незгодата се случи во 199. круг кога Џои Логано поради проблем со автомобилот се удри во Деника Патрик. Двајцата се извртеа на патеката, по што на нив налета Ерик Алмирола, кој движејќи се со 300 километри на час не успеа да го избегне судирот.

Логано и Патрик успеаја самите да ги напуштат автомобилите, но Алмирола по експлозијата на своето возило остана неподвижен во кок-питот.

„Нешто му се случи на мојот автомобил, не знам што. Одеднаш сам од себе сврте кон Деника. Сепак, тоа е најмалку важно во моментов. Само се надевам дека се е во ред со Алмирола“ – изјави Логано дваесетина минути по нереќата.

Алмирола со хеликоптер беше пренесен во болница во близина, по што пристигнаа и убави вести, дека тој нема посериозни повреди и по лекарските испитувања беше пуштен на домашно лекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top