Друштвото на писателите на Македонија го одржa своето годишно собрание со работна тема „Гласот на делото, глас на писателот“. Собирот го отвори претседателот на Собранието на ДПМ, Веле Смилевски, кој се осврна на повеќе прашања што ги засегаат писателите.
– Често слушаме дека интелектуалците и уметниците, а меѓу нив и писателите, молачат. Дали тоа е точно и ако е така, зошто писателите молчат? Во одговор на ова прашање ќе потсетиме на фактот дека годишно во Македонија се објавуваат десетици и десетици нови книжевни дела, дека десетици дела се преобјавуваат и дека во тој корпус, во секоја книга, на секоја страница, од секој збор, се слуша гласот на писателот. Тој глас е посилен од било кој апел или екскламација. Тој глас и кога е најтивок носи во себе моќ со далекосежно дејство – рече Смилевски.
Во продолжение учесниците на годишното собрание на писателската асоцијација продолжија со расправа за различните аспекти на темата во обид да се одговори на прашањето дали и зошто писателите молчат.
Во рамките на овој највисок собир на македонските писатели во попладневните часови се одржа поетска средба на која настапија триесетина автори, членови на ДПМ од Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Радовиш, Охрид, Струга, Кочани, Штип, Скопје и од Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


