| четврток, 6 декември 2018 |

Таа се разликува по сите останати – ова е новата Мис САД

мис

Кара Меколоу од Колумбија е новата Мис на Соединетите Американски Држави. Оваа 25­годишна девојка се разликува од сите мисици кои сте ги виделе досега не по убавината, тие секако сите се преубави жени, туку со нешто друго. Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.

мис2

Во синоќешниот натпревар за убавина, кој се одржа во конвенцискиот центар Манделеј Беј во Лас Вегас. таа победи во „трката“ за убавина меѓу 50 преубави жени.

Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса. Таа рече дека медицинската нега е „привилегија, а не право на секој човек“ и додаде дека за неа зборот „феминизам“ треба да се замени со „еднаквост“ бидејќи смета дека жените и мажите се еднакви кога станува збор за барање работно место во која било сфера.

мис3

Прва придружничка е Мис Њу Џерси, а втора Мис Минесота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top