Кара Меколоу од Колумбија е новата Мис на Соединетите Американски Држави. Оваа 25годишна девојка се разликува од сите мисици кои сте ги виделе досега не по убавината, тие секако сите се преубави жени, туку со нешто друго. Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.
Во синоќешниот натпревар за убавина, кој се одржа во конвенцискиот центар Манделеј Беј во Лас Вегас. таа победи во „трката“ за убавина меѓу 50 преубави жени.
Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса. Таа рече дека медицинската нега е „привилегија, а не право на секој човек“ и додаде дека за неа зборот „феминизам“ треба да се замени со „еднаквост“ бидејќи смета дека жените и мажите се еднакви кога станува збор за барање работно место во која било сфера.
Прва придружничка е Мис Њу Џерси, а втора Мис Минесота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!