Иако замина пред 23 години, Драгомир Бојаниќ Гирда се уште е миленик на публиката – повозрасните живо ги памтат неговите шеги, а младите го запознаваат и го засакуваат. Неговиот внук Јован Стојановиќ открива непознати детали од неовиот живот.
-Гидра обожаваше да кажува вицови за Тито, а во тоа време ги апсеа сите кои ќе кажат виц за Тито. Така, еднаш го уапсија и дедо ми. Во станица отиде брат му за да го извади и кога влегол внатре, жив човек немало. Само се слушала некоја бука од една канцеларија. И тој другиот мој дедовлетал во канцеларијата, а таму Гидра седнат на стол, сите полицајци околу него се газат од смеење, а тој им кажува вицови за Тито. Така помина тоа негово апсење, низ смеа открива Јован за Курир.рс и додава дека не се точни приказните дека Гидра ѝ бил неверен на својата сопруга,, актерната Лилјана Контиќ.
-Не е точно дека дедо ми бил швалер. Тој многу ја сакаше баба ми. Многу се сакаа и од таа голема љубов, често се караа, па се разделуваа и тоа шест пати, но тој секогаш ѝ се враќаше. Не си заминуваше поради други жени, не е точно тоа, вели Јован, син на внуката на Гидра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.