| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите го исмеваат Путин зошто не го бива за пијано

Рускиот претседател Владимир Путин ќе размисли за својот следен концерт по тешкото тролање од кинеските твитерџии за неговата пијано изведба пред состанокот со кинескиот претседател Сји Ѓинпин.

Путин ги извел руските песни „Московските Прозорци“ и „Вечерна песна“ кои се сметаат за неофицијални химни на Москва и Св. Петерсбург, но кинеските социјални медиуми не биле импресионирани.

„Пфффт…аматер“ , „Ова малтене е бучава“,„До песната е или до него“, „Да не не е наштимано пијаното?“ се дел од реакциите на неговата изведба, но некои од корисниците на социјалните мрежи во Кина ја поздравиле неговата изведба со „Има ли нешто што не знаеш да правиш?“.

Ова е втора пијано изведба на Путин по првата во театарот во Москва во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top